Актерката Мила Кунис, која е верена за својот колега од серијата „That seventeen show“, Ештон Качер, го очекува своето прво дете.
Оваа информација беше потврдена од извори блиски на актерката, и покрај некои тврдења таа сепак не носи близнаци, додека полот на детето е сеуште непознат.
Мила и Ештон почнаа да се забавуваат во 2012 година, а се верија на почетокот на овој месец, кога конечно беше финализиран разводот меѓу Ештон и Деми Мур.
Според анонимен извор Деми е уништена, бидејќи додека тие двајца биле во брак таа сакала да имаат деца, но Ештон никогаш не покажал интерес за тоа.
„Додека тие беа заедно Деми и Ештон се чинеше никако не можеа да се договорат околу тоа. Деми многу сакала тие двајца да имаат заедничко дете, но Ештон воопшто не бил заинтересиран за тоа. Оваа вест многу силно ја погодила, а особено што Ештон не ја ни удостоил со повик, односно да ја извести дека Мила е бремена, туку како и сите дозната од медиумите“, рекол изворот.
Средовековната актерка се чини се уште не закрепнала од неодамнешниот развод, и нејзината суета се уште е повредена и фактот дека Деми никако не може да се помири со тоа дека Ештон ја заменил за помлада и помалку успешна актерка како што е Мила Кунис.