Убавата актерка Мила Кунис е видена со голем дијамантски пристен на левата рака. Дали сега конечно се вериле?
Дали дијамантскиот прстен значи и веридба? Токму такво парче накит е забележан кај убавата Мила Кунис.
Американските медиуми (повторно) започнаа со гласини дека таа и Ештон Качер се верени и официјално.
Уште од крајот на минатата година започнаа овие гласини, меѓутоа ништо не е потврдено.
Гласините за нивната веридба започнаа уште од септември кога Мила е видена како носи златна бразлетна.
Ештон и Мила прв пат се запознаа на снимањето на серијата ‘That 70’s Show’ каде девет години го глумеа парот Џеки и Келсо.
Ештон (35) се разведе од Деми Мур (51) по шест години брак. Разводот бил финиширан пред неколку недели, две години откако парот објави дека раскинуваат.
Во времето кога Ештон се венчаше со Деми, Мила беше во врска со Меколи Калкин од 2002 до 2010 година.