„Тоа што го имаат тие е нешто навистина посебно. Ештон долго време планираше да ја запроси Мила“.
Иако веќе неколку пати откри дека сака да се ожени со Мила Кунис и да има деца со неа, Ештон Кучер наводно дури пред неколку дена ја запросил.
Магазинот People објави дека Мила е забележана со златен свршенички прстен, а според изјавата на анонимен извор, Ештон планирал да ја запроси на нејзиниот 30 роденден, кој беше на 14 август.
„Тоа што го имаат тие е нешто навистина посебно. Ештон долго време планираше да ја запроси Мила“, тврди изворот.
Но, двојката нема да може наскоро да се венча затоа што Ештон се уште официјално не е разведен од Деми Мур.