Мики Маус загинува во војната во Виетнам, а убиен е веднаш по пристигнувањето во земјата. Тоа е епилогот на цртаниот филм направен во 1968 година, кој со децении седеше заборавен во архивите.
Краткиот анимиран филм кој трае 1,07 минути е дело на Милтон Гласер и Ли Севиџ, кои планирале да го прикажат на еден филмски фестивал 1968 година. Сепак, тие не добиле дозвола од компанијата Дизни и ова едноминутно филмче останало заборавено.
Во цртаниот филм Мики најпрво се пријавува во армијата, потоа ја поминува обуката, добива пушка и шлем и со брод тргнува во Виетнам. Веднаш по стапнувањето на копно Мики е погоден со снајпер.
Интересно е тоа што овој цртан филм во 2010 година беше прикажан на Филмскиот фестивал во Сараево, во категодијата „Оберхаусен краток филм“.
„Цртаниот филм дефинитинво отскокнува од сите остварувања на Дизни со овој лик. Мики Маус, како симбол на Америка, на невиноста, успехот и идеалите, загинува како војник. Тоа е сосема спротивно на сите очекувања“, изјави неодамна Милтон Гласер.