Ролинг Стоунс го откажаа планираниот концерт во австралискиот град Перт по смртта на американската модна креаторка и долгогодишна партнерка на Мик Џегер, Л’Врен Скот.
Мик Џегер (70) и Л’Врен Скот беа заедно од 2001 година откако британската рок икона се разведе од Џери Хал. Американските медиуми наведуваат дека поранешната манекенка е пронајдена обесена во нејзиниот стан во понеделникот наутро од еден нејзин соработник.
Елегантна, навидум цврста и голем перфекционист, познаниците на Л’Врен Скот би рекле дека таа имаше „нозе на газела и кожа на носорог“.
По шокантните вести за нејзиното самоубиство, сега знаеме дека тоа мора да не е точно. Навистина, таа ја навестувала својата ужасна ранливост во еден од нејзините последни постови на Иснтаграм, каде што повторува дека: „Модата е оклоп за да се преживее реалноста на животот“.
Но, зошто и е потребен оклоп? Тие што ја познавале велат дека таа страдала од депресија и само што закрепнала од еден „инцидент“ пред неколку недели, кога се обидела да се повреди.
Однадвор се чинеше дека 49-годишниот поранешен модел ужива во спокоен и среќен период, професионално и лично. Таа штотуку издаде парфем во продажба во стоковната куќа Барнис во Њујорк, а исто така нејзината козметика и соработка со шминкерот Боби Браун исто така беше хит низ продавниците.
Но, имаше и други знаци на замор. Л’Врен го откажа своето шоу во лондонската модна недела во јануари во последен момент, велејќи дека избраните ткаенини пристигнале премногу доцна за да ги сошие на време.
Сметките за нејзиниот бизнис, поднесени во В.Британија во октомври 2013 година, покажале дека нејзината компанија, LS Fashion LTD, била во дефицит од 3.546.000 фунти со дизајнерскиот кредит од 4.592.000 фунти.
Имало гласини дека била премногу „шворц“ за шоу во Лондон.
Од надвор се чинеше дека Л’Врен има се- изглед на модел, успешена модна дизајнерска кариера и рок-ѕвезда момче. Но, сепак се чини дека тоа не било доволно да ја спаси од паѓање во депресија штом посегнала по својот сопствен шармантен живот.
Славните личности, исто така, се во шок поради смртта на Л Врен Скот, кои ја опишуваат како исклучително талентирана, полна со живот, хумана жена и добар пријател. Секој од нив на свој начин со порака се прости преку социјалните мрежи од трагично починатата модна дизајнерка.