И покрај тоа што пред само два месеци, се породи прекрасната актерка Луисана Лопилато, кај нас позната по серијата „Млади Бунтовници“, се гледа дека во изминатиот период таа работела напорно за да ја врати својата славна фигура. И очигледно, трудот се исплател во целост.
Имено, 26-годишната актерка која ја глумеше Миа Колучи беше уловена во целосно природно издание на нејзините фитнес часови, каде не можеше да се забележи ниту трага од вообичаената пост-породилна фигура.
Сексипилната Лусиана во август го роди нејзиното прво дете, синот Ноа, со пејачот Мајкл Бубле (37).