Меркур – најмалата по големина планета во Сончевиот систем од Земјината група, станува помала. Новото истражување покажува дека дијаметарот и е за 14 километри помал отколку пред околу 4 милијарди години .
Според експертите, тоа се должи на нејзиното ладење.
„Меркур има аномалии, па очигледно затоа се намалил многу повеќе отколку Месечината или Марс”, вели еден од авторите на студијата Пол Берн.
Кога научниците ќе имаат многу попрецзина слика на површината на планетата, тие ќе можат да дадат одговори и на прашањата колку активни биле земјотресите и колку брзо и зошто течел процесот на намалување.