Мелем за филмомани: Најлегендарните филмски цитати

Ако сте  филмоман сигурно постојат   цитати, кои не само што не ги заборавате, туку и знаете да ги споменете кога ќе ве наведе разговорот.


„I’m gonna make him an offer he can’t refuse“

“Ќе му дадам понуда што не може да ја одбие”

Вито Корлеоне, одигран  во „Кум” – 1972.

“Frankly my dear I don’t give a damn“

„Искрено мила моја, баш ми е гајле”
Рет Батлер, толкуван од Кларк Гејбл во „Однесени од  виорот” – 1939г.

„My name is Maximus Decimus Meridius, commander of the Armies of the North, General of the Felix Legions, loyal servant to the true emperor, Marcus Aurelius. Father to a murdered son, husband to a murdered wife, and I will have my vengeance, in this life or the next. “

„Моето име е Максимус Децимус Меридиус, командант од северните армии, генерал на легијата Феликс, верен поданик на вистинскиот император, Марко Аврелиј. Татко на убиен син, маж на убиена жена, и јас ќе ја имам својата одмазда, во овој живот или во наредниот ”
Расел Кроу во улогата на Максимус, „Гладијатор” од 2000 година.

„May the force be with you.”

“Силата нека биде со тебе”
Хан Соло или Харисон Форд во „Војна на ѕвездите”, 1977.

“Toto, I’ve got a feeling we’re not in Kansas anymore.”

“Тото, имам чувство дека повеќе не сме во Канзас”
Џуди Гардланд во улогата на Дороти Гејл или „Волшебникот од Оз” од 1939г.

„Go ahead, make my day.”

“Само напред, разубави ми го денот”
Хари Калахан, толкуван од Клинт Иствуд во „Ненадеен удар” од 1983.

„All you have to decide is what to do with the time that is given to you.”

„Се што треба да одлучиш е што да правиш со времето што ти е дадено”
Гандалф, , во „Господарот на прстените: Дружината на прстенот” од 2001.

„I` ll be back “

„Ќе се вратам …”
Терминатор или Арнолд Шварценегер во „Терминатор” од 1984.

You don’t understand! I coulda had class. I coulda been a contender. I could’ve been somebody, instead of a bum, which is what I am. “

“Не разбираш! Можев да сум класа. Можев да бидам натпреварувач. Можев да бидам некој и нешто, наместо клошар, што всушност сум…
Тери Малони, одигран од Марлон Брандо, “На кејот” од 1954г.

“I’m the king of the world!”

“Јас сум кралот на светот”
Џек Досон или  Леонардо ДиКаприо во „Титаник” од 1997.

“You’re not your job. You’re not how much money you have in the bank. You’re not the car you drive. You’re not the contents of your wallet. You’re not your fucking khakis. You’re the all-singing, all-dancing crap of the world “.

“Ти не си твојата работа. Ти не си парите што ги имаш во банка. Ти не си автомобилот кој го  возиш. Ти не си содржината на твојот паричник.  Ти не си твоите ебани панталони. Ти си едно светско гомно од глава до пети.“
Бред Пит во „Боречки клуб” од 1999.

“A census taker once tried to test me. I ate his liver with some fava beans and a nice Chianti. “

Еден пописничар се обиде да ме тестира еднаш. Му го изедов џигерот со малку грав и добро Кианти вино.
Ханибал Лектор, одигран од Ентони Хопкинс во “Кога јагнињата ќе стивнат” од 1991.

- Реклама -