Ѕвездата од поранешната женска група Spice Girls и моментно судија во шоуто “Америка бара талент” откри дека експериментирала со својата сексуалност.
Во интервју за „Гардијан” 39-годишната пејачка зборува отворено за своето сексуално минато, со тоа што признава дека била во врска со мајка на две деца – Криста Паркер.
Двете се запознале во Лос Анџелес во училиштето каде што учела 15-годишната ќерка на пејачката.
„Јас имав четиригодишна врска со жена. Но веќе седум години сум среќно врзана со маж. За еден неверојатен човек”, открива Мел Би.
Таа не жали за поминатото време со Криста и вели дека не е од срамежливите и кога сака да доживее нешто, тоа го прави. Освен тоа Мел призна дека таа и сопругот не се во отворен брак, за каков што се шпекулира.