Актерката Меган Фокс се појави во секси, краток бел фустан и покажа дека е во неверојатна топ форма, на премиерата на нејзиниот нов филм “Нинџа Желки” во Лос Анџелес.Тоалета ги откриваше долгите нозе на 28-годишната актерка, која изгледа неверојатно сензуално, а сепак со вкус.
На пресконференцијата пред премиерата ѕвездата од “Transformers” по стара традиција ги испрати хејтерите на филмот по ѓаволите.Меган Фокс мина по црвениот тепих во друштво на сопруготот Брајан Остин Грин, со тоа што не пропушти да се фотографира со најголемите фанови.
Потсетуваме дека неодамна во едно интервју Меган Фокс објави дека избира да снима филмови, кои се реализираат само во Ел Еј. Причината е дека таа не сака да се одвојува предолго време со своето семејство.