Овој град за многу краток рок никна од пистината и ги поседува најлуксузните хотели, најскапите шопинг центри, најголемите фонтани, најсовремените облакодери и најпрекрасните вештачки направени острови. Со други зборови, Дубаи е вистинскиот рај за хедонистите кои сакаат беспрекорен комодитет и комфор. Слободно може да се каже овој град е главниот град на светскиот луксуз. Ќе ви преставиме неколку мегаломански чуда од пустинската метропола.
Најпрво би започнале со најлуксузниот хотел во светот и единствениот кој има 7 ѕвезди. Тоа е секако Бул ал Араб, во превод Арапската кула. Овој хотел исто така е и највисокиот во цел свет со својте 321 метри. Цената на изградбата на овој хотел се чува како најстрога тајна, а го градел едно од најпознатите проектни бироа Аикса. За овој хотел е изградено специјално вештачко острово, до кое се доаѓа со мост.
И покрај тоа што едно ноќевање во овој хотел чини од 700 до 20.000 евра, 80% од капацитетот на собите секогаш се исполнети. Најмалиот апартман е од 169 м2, додека најголемиот е од 780 м2.
Многу се зборуваше и за вештачките острови во вид на палма. Како тоа да не беше доволно, па подоцна ги изградија и островите по изгледот на светот. Но при изградбата на Светот, инвеститорите западнаа во економска криза, исто како и вистинскиот свет, па нивната изградба траеше многу подолго од планираното. Купувањето на еден од 300-те острови се уште важи за престижен потег.
Зар може да не ја спомнеме и највисоката зграда во светот. Се разбира таа повторно е во Дубаи и се вика Бурј Калифа, првобитно позната како Бурј Дубаи. Нејзината висина е 828 метри, односно дупло повисока од Емпајер Стејт Билдинг во Њу Јорк. Изгадбата на овој облакодер траеше 6 години, а во нејзината изградба учествуваа 12.000 работници од 30 држави во светов. Најголемата атракција во овој облакодер е панорамата што ја нуди на 124 спрат (442 метри) од каде може да се посматра најголемиот дел од Дубаи. Влезниците за панорамата скоро без исклучок се секогаш распродадени недела дена претходно, па така ако сакате да ја посетите ќе треба преку интернет да си резервирате на време.
За сите љубители на добриот шопинг ќе бидат воодушевени од изборот и квалитетот во шопинг центрите во Дубаи. Најголемиот шопинг центар во Дубаи и во светот е Дубаи Шопинг Мол. Овој шопинг центар беше отворен во 2008 и се простира на 111 хектари, има преку 1200 продавници и 14.000 паркинг места. Во него скоро сите светски луксизни и комерцијални марки имаат свои продавници.
За Дубаи може да се пишува многу многу повеќе, но ние се надеваме дека ви дадовме мала престава што се има во оваа метропола. Како за крај ќе ви ги преставиме најелитните места во Дубаи со фотографии.