Мажите почесто се заљубуваат на прв поглед

Нова студија на американски научници покажа дека за половина од луѓето во светот,  доволен е само еден поглед за да се заљубат. Освен тоа мажите се пронаоѓаат како повеќе   подложни на „феноменот“ – љубов на прв поглед. Според истражувањето, 25 проценти од мажите се вљубуваат на прв поглед, а кај 29 проценти  од нив е  доволна само една средба.

love-first-sight

Претставниците на поубавата половина од човештвото, пак, имаат тенденција да ги оценат потенцијалните партнери според интересите и ликот. Една од секоја петта жена е фасцинирана од некој маж, само според начинот на кој што тој  гледа, а секоја трета се чувствува возбудено  по првата средба.

Woman-In-Love-On-Romantic-Date

Експертите, причината мажите и жените да се согледуваат  поинаку,  ја објаснуваат со тоа што  претставниците на посилниот пол сакаат со очите, визуелната мотивација кај нив е повисока и таа од своја страна испраќа сигнал до мозокот, кој го активира лачењето на хормони. Токму тоа е објаснувањето на фактот дека мажите почесто се вљубуваат на прв поглед, сметаат експертите.

h

Сите учесници во студијата биле прашани и што зборуваат за време на првиот состанок.

Повеќето од испитаниците (41 процент ) сметаат дека најдобро е да се дискутира за музички изведби, 39 проценти велат дека главно разговараат за работа, како и за нивните омилени ТВ емисии и филмови.

first-date-pay1

Пред тоа научниците од Велика Британија открија дека на мажите им требаат само осум секунди, за да се заљубат.

- Реклама -