Мажите и нивните фризури. Зошто секогаш исти?

Познато е дека расположението и животните ситуации на некои жени можеме да ги препознаеме според промените во нивните фризури. Но, каква е ситуацијата кај мажите?

Новите истражувања покажале дека мажите ја пронаоѓаат идеалната фризура дури кога ќе наполнат 32 години, а пред тоа пробале најмногу пет различни фризури. За разлика од нив, жените во просек пробуваат барем седум различни фризури пред да ја пронајдат онаа која ќе ја носат подолг временски период.

Меѓу мажите кои имаат иста фризура од својата 32 година се и славните личности како Мик Џегер (69), Дејвид Боуви (66) и Род Стјуарт (68).

Причините причини поради кои мажите најчесто од „таа“ година остануваат на истата фризура е најчесто тоа што токму таа фризура ја сметаат за најпрактична, или затоа што им се допаѓа на нивната партнерка. Во студиите кои ги спровела компанијата „Fudge“ учествувале 2000 луѓе, а било истражено и влијанието кое го влечат мажите од славните личности, како и на фризурите кои баш и не се сметаат за модерни.

Резултатите покажале дека голем број на мажи имаат фризури како некоја позната славна личност, бидејќи сметаат дека така ќе им се попривлечни на жените.

[youtube]http://youtu.be/91nfRdFZLeY[/youtube]

- Реклама -