Тајните на мажите заводници

Некои мажи се добри кога станува збор за заведување, други пак имаат потешкотии во оваа област. Иако постојат повеќе фактори, ова се основните совети неопходни за да бидете “добар заводник”.

Не глумете интелектуалец

Девојките, по правило избегнуваат чудни мажи и мажи кои себе си се сметаат за интелектуалци, без разлика на нивното образование и кариера. Затоа однесувајте се како и секој друг маж. Бидете опуштени и насмеани, но не претерувајте со зборувањето. Никогаш не почнувајте да разговарате за работа или факултет, користете поедноставни теми и не бидете нападни во зборувањето. Само така ќе ѝ го привлечете вниманието на потенцијалната партнерка.

Флексибилноста е клучна

Добрите девојки секогаш сакаат мажи кои имаат планови и идеи, а исто така ги сакаат и изненадувањата. Не дозволувајте да ви се случи да излезете за прв пат заедно и да ја прашате каде сака да одите. Тоа е работа која ви останува вам и таа не треба со тоа да се занимава, бидејќи уште од старт ќе создадете непотребни тензии. Секогаш имајте план Б и решение за малите проблемчиња кои спонтано се јавуваат, со еден збор кажано, бидете организирани.

Покажете го џентлменскиот дух

Покажете ѝ дека навистина сте маж кој има висока култура и почит кон понежниот пол. А тоа ќе го направите најдобро ако внимавате на деталите, односно, на келнерот секогаш обраќајте му се учтиво, користете зборови како – ве молам, повелете и благодарам.

Доколку јадете во ресторан никако не ја допирајте храната со прсти, без разлика колку и да е попрактично. Секогаш отворете ја вратата од ресторанот и почекајте партнерката прва да влезе, гледајте ја во очи додека зборува, но не бидете нападен, накратко кажано, вашето добро воспитување ќе го покажете преку малите и навидум неважни детали.

Не бидете очајни

Вашите разговори секогаш нека бидат ведри и оптимистички. Немојте да зборувате на песимистички начин, како на пример: „Да, сега еве почнувам нова работа ама не верувам дека нешто ќе биде“. Секогаш бидете насмеани и однесувајте се опуштено. Не ги бирајте зборовите, но внимавајте на речникот. Со ова ќе ѝ покажете дека сте маж кој ќе може да ја насмее, израдува и расположи, а не маж кој постојано ќе треба да го теши.

Бидете мистериозни

Немојте да ја откривате вашата приватност на првиот состанок. Бидете мистериозни и горди. Не дозволувајте лесно да пробие во вашите лични работи, иако таа ќе се обиде. Дозволено е и малку да ги „напумпате“ работите кои ги зборувате во своја корист, но не претерувајте, зашто на крајот лагата ќе се дознае. Покажете дека сте маж кој има искуства во животот и кој може да биде силна и влијателна потпора.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -