Истражување кое опфатило 6.000 самци, дава резултати за тоа која жена е идеал во светот.
Се работи за личност која е убава, паметна, реализирана и многу успешна. Не случајно резултатите беа наречени „Ефектот на Клуни“, со оглед на тоа што на овие барања сосема одговора сопругата на актерот Џорџ Клуни, неговата сопруга, адвокатката Амал.
Имено, познатата интернет страница match.com, направила истражување врз основа на примерок од 5.675 самци во Америка од кои дури 87% од испитаните мажи, признале дека ќе се согласат за врска со жени кои заработуваат подобро од нив и се повеќе образовани.
Сличен репрезентативен примерок на мажи од 86%, признале дека сакаат партнерка со самодоверба, додека повеќето од испитани мажи, 90%, рекле дека сакаат да излегуваат со жена, која ја презема иницијативата, т.е таа ќе ги повика на состанок.