Слатка и трогателна приказна за љубовта, храброста и просветлувањето.
Маја ги минува деновите фантазирајќи за совршен живот, живот полн со љубов, успех и задоволство. Се обидува да си ги оствари желбите во потрага по мажи и пари, а кога не успева во тоа, бара утеха во чоколадата.
Меѓутоа, потоа се чувствува сама, празна и загубена. Потоа наидува на мистеризоен странец и тргнува на духовно патување, каде што ќе го открие тоа што цело време и недостасувало…
Оваа приказна за преобразувањето ви покажува како да го сакате мажот без да се загубите себе, да најдете работа што ќе ви го исполнува срцето и да уживате во чоколадата како во извор на задоволства, а не на гризење на совеста.