Марвел: Првите 700 стрип изданија, само денес бесплатно онлајн

Издавачот на стрипови „Марвел“, ќе постави дигитална верзија на првите 700 изданија, меѓу кои е и „Amazing Spider-Man“.

Сопственикот на стриповите за „Fantastic Four“, „Spider-Man“, „X-Men“, i „Avengers“ ќе им понуди на читателите бесплатно превземање на првите 700 изданија, преку апликација на сајтот „Marvel #1”.

Изданијата ќе бидат бесплатни само денес, додека од 12 март ќе бидат продавани по цена од 1,99 – 3,99 долари по издание. Во понудата ќе се најдат околу 13.000 наслови.

321578_dbfc0583_ff

Оригиналните први изданија вредат цело богатство. Николас Кејџ во 2011 година ја продаде својата копија „Action Comics No.1”, каде прв пат се појавува Spiderman за 2,1 милион долари.

„Сакаме со ова да привлечеме фанови од секаков вид, од оние кои ги запознале јунаците преку филмовите, оние кои некогаш читале стрипови но веќе ја изгубиле таа навика, до најпосветените читатели“, изјавил Дејвид Гејбриел, потпретседател на „Отсекот за продавање на Марвел“.

Доколку ја отвориме вратата за сите фанови, тие со купување на вистинските или на дигиталните изданија ќе помогнат стрип-индустријата да порасне.

- Реклама -