Поранешниот сопруг на пејачката Џенифер Лопез, Марк Ентони, ја раскина врската со Клои Грин, ќерката на сопственикот на брендот „Топ-Шоп“.
Ентони ја остави ќерката на Филип Грин само неколку недели откако таа се всели во неговата вила во Мајами. Пејачот започна да излегува со дваесетгодишната дизајнерка во февруари, иако таа е само три години постара од неговата најстара ќерка.
Според пренесувањата на американските медиуми, веднаш после раскинувањето, Клои заминала на одмор со пријателките за да би се опоравила.