Марк Ентони сигурно знае како да чува тајна.
46-годишниот пејач е верен со неговата 26-годишна девојка Шенон Де Лима, според Us Weekly.
Според нив, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез ја запросил својата девојка уште во март оваа година, и двојката планира да се венча во Доминиканска Република подоцна овој месец.
Марк и Шенон, модел од Венецуела, започнале да се состануваат во јануари 2012 година, шест месеци по разделувањето од Џеј Ло.
Гласините за нивната можна веридба започнале во март, откако објавиле заедничка фотографија со веренички прстени, но тие успеале да ја држат таа вест во тајност, до сега.
Ова на Марк ќе му биде трет брак. Тој беше женет со Мис универзум Дајана Торес три години и тие имаат две заеднички деца, синовите Кристијан (13) и Рајан (11). Марк е исто така татко на 20-годишната ќерка Ариана која ја добил со неговата поранешна девојка Деби Росадо, а ги има и близнаците Макс и Еми со Џенифер Лопез.
Колку деца ќе има од овој брак, останува да видиме. Но, поинтересно прашање е како човек, кој за повеќете не е толку привлечен, освоил толку многу убави жени?