Марија Ичкова: Млада рокерка со огромен потенцијал

Марија Ичкова е девојчето што успеа да не фасцинира сите со своето појавување на првата аудиција на X Factor.

Таа е голем почитувач на рок музиката, има само 15 години и доаѓа од Богданци. Марија  ја опишува музиката како магија и вели дека оној кој ќе ја почувствува еднаш , не може никогаш да се откаже од неа.

Публиката те запозна на X factor каде што помина одллично на аудицијата (со четири „ДА“), но веќе во кампот жири комисијата направи селекција, па аудицијата остана твоето последно претставување на ова шоу. Дали очекуваше такво нешто и дали мислиш дека можеше да понудиш многу доколку продолжеше понатаму?

Искрено мислам дека имав солиден настап со оглед на тремата и тоа дека прв пат настапував на некое музичко талент шоу, па мислам дека мојот настап и се допадна на жири комисијата и на публиката се разбира. Не знаев што точно да очекувам бидејќи кога настапувавме во Белград воопшто не ги гледавме настапите на другите и другите ги слушнав дури кога почнаа емисиите да се емитуваат на телевизија па мислев дека така требало да биде .  Јас искрено жалам што не добив барем уште една можност да се претставам пред публиката како и пред жири комисијата, но таква била одлуката на жирито.

Дали по појавувањето на X factor, ти се појави некаква можност за соработка?

X Factor беше моето прво учество на вакво шоу. Сеуште не, но се надевам дека и тоа ќе се случи еден ден се разбира доколку продолжам да се занимавам  со музика , а навистина сакам да продолжам . Ја сакам музиката , сакам да пеам , а за се друго ќе покаже времето.

Прочитајте и:  Џезерите ќе свират рок во салата на Македонската филхармонија

Продолжи ли да гледаш X Factor и имаш ли свој фаворит?

Се разбира дека продолжив да гледам X Factor, и мојот фаворит дефинитивно е Даниел Кајмакоски.

Дали во моментов настапуваш некаде?

Настапувам со бендот, зависи од тоа каде сме повикани на свирка, а по учеството во Х Factor заинтересираноста за свирки се зголеми.

Македонија те слушна и те засака. Дали можеби планираш да се појавиш на некој музички фестивал?

Често размислувам дека треба да се настапи на некој фестивал и тоа со нешто свое. Се надевам дека и тоа ќе се случи во блиска иднина.

Што претставува музиката за тебе?

Сигурна сум дека секој што излегува пред публика дава се од себе да и го претстави ,,начинот,, на кој тој го чувствува она што сака да и го прикаже на публиката. Се обидува да ја внесе публиката во својата изведба и сето тоа да го заокружи во еден момент во кој публиката ја слуша изведбата и се поврзува со неа . Кога тоа ќе се случи ,тогаш е навистина прекрасно како за публиката така и за изведувачот. Јас не сум многу искусна и треба уште многу да работам и да учам , но сигурно знам дека ако само еднаш во животот го почувствувате тој момент, нема никогаш да се одкажете од музиката без разлика што и да се случува. Замислете во еден ист момент, на едно место, во илјадици најразлични луѓе се буди исто чувство и тоа само од тоа што во моментот го слушаат… неверојатно…тоа е музиката.

За крај, потсете се на најзиниот прекрасен настап:

/Е.Т.

- Реклама -