Постарата сестра на пејачката Мараја Кери (45) веќе неколку седмици е на одделение за психијатрија во Њујорк, бидејќи соседите ја пронашле онесвестена и повредена во стан.
„ Некој ми го украде сиот накит, но не паметам кој беше во станот. Ме затворија против своја волја во лудница. Некој нека и јави на сестра ми. Единствено таа може да ме спаси“, рекла Алисон Кери (54).
Американските медиуми пишуваат дека Мараја во моментов се наоѓа на крстарење со нејзиниот дечко Џејмс Паркер, медиумски магнат, додека за сето тоа време нејзината сестра е на присилно лечење.
Инаку, пејачката со сестра и, која е поранешен зависник од крек и е ХИВ позитивна, не е во добри односи уште од 1994 година. И покрај тоа, Алисон изјави дека и недостасува и би сакала за прв пат да ги види нејзините деца.
Алисон Кери во младоста се проституирала за да и обезбеди храна на пејачката, а работела и како чистачка.
„Чиста сум веќе четири месеци и најдов работа како домаќинка, само сакам да ја видам Мараја и своите внуци“, вели таа.
Тие две беа блиски до 1944 година, кога Мараја со помош на својата мајка се обиде да и го одземе старателството врз синот Мајкл.
Алисон тврди дека започнала да се проституира бидејќи нивната мајка, со која Мараја подоцна се скарала, не заработувала доволно, па таа морала да и помага на Мараја со парите.
Морган додава и дека нејзината сестра е психички нестабилна, и стравува дека нема да може да се грижи за своите деца.
„ Мараја нема поддршка од пријателите, додека од себе ги отфрла луѓето на кои им е навистина дојдено до неа и на кои што може да им се верува“, вели Морган.