„Проблеми во рајот.“
По неколку месеци трачеви, за жал сега и официјално: бракот на Ник Канон и Мараја Кери е во сериозна неволја. „Има проблеми во рајот,“ потврдува Канон за „The Insider“. „Ние живееме во одвоени куќи веќе неколку месеци.“
Наводно од мај не живеат заедно, а причината за тоа е популарната старлета.
„TMZ“ пренесува дека сопругот на Мараја гостувал во радио емисијата „Big Boy’s show“ на почетокот на март и дека од тогаш сè тргнало надолу.
Ник во емисијата ја играл играта „Наведи пет познати личности со кои имаш спиено“. Тој ја навел пет, а Мараја полудела поради една личност… Ким Кардашиан.
Пејачката го малтретирала сопругот поради авантурата со Ким месеци по неговото гостување.
„Толку се чувствувала понижена поради тоа, што нивната врска никако не можела да се опорави по неговата изјава“, вели извор близок на Мараја.
Канон ја влошил ситуацијата, кога на шоуто на Хауард Стерн изјавил дека Мараја не сакала „да му даде“ пред да стапат во брак.