По настапот на доделувањето на Bilbord музичките награди, познатата пејачка гостуваше во емисијата на Џими Кимел, каде се појави во фустан кој ги откри нејзините облини.
Во краток сребрен фустан Мараја Кери (45) ги покажа своите нозе и деколте, но и вишокот килограми.
Познато е дека пејачката се бори со тежината, но тоа не ја спречува да облекува тесна облека.
Мараја неодамна стана мета на критики кога ја објави својата нова насловна страна на новиот албум, каде јасно се гледа дека пејачката користи Фотошоп за да изгледа многу послабо.