Манастирскиот комплекс Зрзе е прекрасно место за посета

Во манастирскиот комплекс Зрзе, прилепско, во тек е реконструкцијата на североисточниот бедем на овој значаен споменик на културата, проект кој е поддржан во рамките на програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Во овој комплекс кој во себе содржи напластени културно-историски и духовни содржини од најстарите времиња до денес, беше реализиран проектот за реконструкцијата на владичиниот конак, а во моментот во завршна фаза е реконструкцијата на монашкиот конак, во кој, според основниот проект, предвидена е работилница за иконопис, копаничарство и други дејности кои се негуваат во монашкото братство.

Во изминатиот период, во манастирскиот комплекс „Зрзе“ беа спроведени големи археолошки истражувања кои резултираа со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на 9 век во бигорната карпа и старохристијански комплекс со базилика и гробница на локален маченик од 4, 5 и 6 век.

unnamed unnamed (1)Во продолжение, погледнете зошто вреди да се посети ова прекрасно место:

37333845 zrze1 zrze 933993_133689520162229_1582407785_n 998549_150460241818490_1918282441_n 1260893_157547874443060_317260908_n 29096927 31131823

 

 

- Реклама -