Познатата сестра Кардашиан отсекогаш ја следеле гласини дека не е вистинска Кардашиан, а сега излезе информација дека нејзината мајка Крис Џенер имала афера со славниот пејач од 80-тите години.
Иако прво се шпекулираше дека Клои Кардашиан, помладата сестра на Кортни и Ким Кардашиан, е всушност ќерка на О.Џ. Симпсон а не на Роберт Кардашиан, сега е вмешана и во трета славна личност од можните татковци.
Всушност, нејзината мајка Крис Џенер имала афера во 80-тите со познатиот пејач Лионел Ричи, а In Touch пишува дека токму тој би можел да биде вистинскиот татко на Клои.
„Имале афера, а тпој се фалеше со тој факт. Тогаш сите спиеле со секого, а Крис била барана тогаш“, рекол добро информиран извор за американски магазин.
Мама Џенер признала во својата биографија дека го изневерила сопругот Роберт додека била со него во брак, но до сега не го спомнала познатиот пејач.
Интересно е и тоа што Лионел, покрај посвоената ќерка Никол Ричи, денес има и 16-годишна ќерка Софија која малку наликува на Клои, што дополнително ги поддржува гласините. Познатата реалити ѕвезда е родена во 1984 година, па оваа приказна се вклопува со гласините. Клои и понатаму ги игнорира текстовите во таблоидите, а неодамна и порача: „Имам толку многу татковци што веќе стана лудо“.