Мало изненадување за мама

Рекреирањето на стари слики полека почнува да се претвора во онлајн мода, а браќата Џо и Џеб Лекстен од Лондон несомнено се меѓу главните виновници за тоа.

Нив неодамна им падна на памет идејата да и подарат на мајка си посебен албум, во кој ги повториле  кадрите од детските фотографии – во истите пози, со истите алишта (иако години постари), на истите места. За целта ги мобилизирале и својот  татко, чичко, па дури и старото домашно куче кое во нивното детство исто така, било сосема мало кученце.

Идејата ја реализирале беспрекорно.

„ Се смеев, а по моето лице течеа солзи … Не можев да поверувам дека времето минува така брзо!” – раскажува нивната мајка.

Сите кадри се брутално смешни и можеме само да сме благодарни на Џо, кој инаку е дизајнер во лондонската компанија Build, што одлучил да ја сподели семејната веселба и во интернет мрежата .

f65256ec9f2ea708499f80b6cdb4cc38 d1551eec5118925de8f222203bef27b9 cd526f187a7f31bf0d8e8fcaa44ae355 c7a7663e8ed54cfb838d38fbe4d9eb6e afd85958d90b0bccb9ea44fd7a39c6e5 6261d1db680b8177655f43e0ceb8211e 8a7ef912058a41bc35d2993ca7141a4e 5b546f4757777c49dc9bd5fc9d86bae0 4fb6ba1313d7a784867a4e2e4d8fa407

- Реклама -