Похованото пилешко обично го пржиме во тава со многу масло . Сепак , постои уште еден , можеби подобар начин да се подготви ова јадење .
Состојки:
5 парчиња пилешки гради
2 лажички сол
1/4 лажички бибер
1/4 лажички чили во прав
1 лажичка лук во прав
1 лажичка црвен пипер
2 лажици мајонез
2 лажици кисела павлака
2 лажици рендан пармезан сирење
1,5 чаша трошки
2 лажички пченкарно брашно
100 ml зејтин (по желба)
Подготовка:
Пилешкото пресечете го на половина да добиете потенки парчиња, а потоа по должината на половина; едно парче го делиме на 4 дела и го ставаме во сад. Додадете сол, бибер, лук, чили пиперки и црвен пипер и измешајте го сето тоа. Потоа додадете мајонез , павлака и пармезан сирење и мешајте ги сите заедно.
Затворете го со проѕирна фолија и оставете во фрижидер еден час или два . Тепсијата подмачкајте ја со зејтин (може и без тоа ) и посипете пченкарно брашно ( за месото да не се залепи на тепсијата ) и оставете настрана.
Пилешко тркалајте го во трошки од леб и се редете го во тепсијата. Кога ќе го наредите цело , посипете повторно со зејтин. Пилешко печете го на 210 степени, 25-30 минути.