Иако надвор е есен, време е за размислување во боја и внатрешен дијалог.
Човекот секогаш го добива она што сам си го избрал. Подобро е да сме на јасно што сме избрале во случајот, за да не се изненадиме самите подоцна.
Земете го своето право да бидете прави во што и да е. Токму така изгледа намерата на еден вистински творец. А ние сме способни самите да ја создаваме својата реалност.
Првиот услов е да направиме јасен избор – она што навистина го сакаме?!? Денес. Тука. Сега.
Неприликите доаѓаат не по самата неволја, туку по нашиот однос кон неа. Законитостите пак, се создаваат од изборот кој го правиме.
А проблемите и препреките на патот кон целта, се јавуваат како последица од вишокот потенцијали на важноста.
За да се откажеме од внатрешната и надворешната важност, ние го добиваме највредното – слободата на изборот.
Обидете се денес да го определите најважно за вас во овој момент од животот и потоа да се откажете од него. Тешко, нели?!
Подобро, не се измачувајте внесувајќи вишок напори! Побрзо обидете се да ја намалувајте важноста колку и да ви изгледа важно што сте ја одбрале денес.
Хуморот и чувството за хумор се негација на важноста или поточно – нејзина карикатура. Затоа смејте се повеќе овие денови. За какво ли не човек може да се пошегува. Обично ни е многу сиромашна фантазијата во оваа насока.
Зошто пак да не се смееме точно денес на своја сметка и својата сопствена сериозност. Денес, во неделата на несериозноста!