Кјерон Вилијамсон има само 10 години, но веќе го нарекуваат Малиот Моне. Тој со својте слики го воодушевува светот, а посебно аукционерите ширум светот. Тој веќе од своите слики има заработено повеќе од 2 милиони евра.
Кјерон започнал да слика на свои 5 години кога бил на одмор со својата фамилија. Сликите кои ги изработува се со техника “масло на платно” и навистина импресионира.
[youtube]http://youtu.be/tbpWzvvXaks[/youtube]
Неговото семејство не дозволува Кјерон, да биде претворен во светска ѕвезда, истакнувајќи дека сакаат нивното дете да има нормално детство. Како што велат тие, тој црта од љубов и хоби, и се надеваат дека така и ќе остане.
Изложбата што била изведена во 2010, привлекла толку големо внимание, што луѓе кампирале пред музејот, за да се осигураат дека ќе ги видат неговите дела. Додека во 2011, неговите дела биле распродадени за 10 минути.