Пипа Мидлтон потемнета и сјае по нејзиното враќање од романтичното патување во Таџ Махал, Индија со нејзиниот дечко, Нико Џексон. Парот пристигнал на аеродромот Хиртроу, Лондон по нивното романтично бегство во Индија. Тие се заедно од февруари годинава.
Парот изгледал релаксирано и одморено додека Нико ја буткал количката со куферите низ аеродромот во Лондон.
Наобечената двојка, по нивниот топол одмор, се вратија со малку тен, а од ладното време блескаа со поцрвенети образи.
Еден нивен пријател за Mail on Sunday изјавил: „Пипа и Нико направија пакт да патуваат на многу егзотични дестинации пред да стапат во брак и да основаат семејство. Ќе имаат многу патувања во наредните месеци.“
Дестинацијата Таџ Махал се користи од страна на илјадници туристи секоја година за да предложат брак на својата избраничка. Според весникот, Пипа и Нико се спремаат да споделат возбудливи вести- нивните планови за венчавка следната година.