Маките што ги имаат ниските девојки

Ако сте малку пониски, а при тоа сте девојка, сигурно сте се сретнале со некои од овие ситуации.Одите до друштво на кафе и седнувате на шанкот. Додека сите се шегуваат наоколу и се забавуваат, вие се чувствувате како дете од 10 години бидејќи не можете да ги сместите нозете и истите ви висат во воздух.

1n

Постојано ве креваат

2n

Шетате по улица и налетувате на пријател од детството, кој е толку среќен што ве гледа, и веднаш ве крева да ве прегрне. Инстантно ве враќа во детството. На сето тоа, се чувствувате и како домашно милениче кога ве гали по главата од високо и ви вели „воопшто не си се променила“.

Никој не ве сфаќа сериозно

3n

На сред расравија сте со дечко, друагр, другарка и додека бесно „вриштите“, од другата страна низ насмевка слушате „Толку си слатка кога се лутиш“.

Возење во средина

4n

Кога се возите во полн автомобил позади,  вашето место е во средината (меѓу две грамади) или пак во нечиј скут?

Мирис на испотени пазуви

5n

Полна 57-ца. Стоите на нозе и околу вашата глава уживате во природните миризби на човекови пазуви.

Пронаоѓање гардероба која ви одговара

6n

Пронаоѓате совршен фустан, фармерки или блуза и заминувате да ги пробате. По некое време гледате долги ногавици, ракави, па потоа следува кратење, кроење…

Фотографирање

7n

Ако се наоѓате некаде со друштво и посакате да имате заедничка фотографија, следното што го слушате е : „Ниските нека застанат напред“. Или ако пеете во некој хор, вториот ред ви е вечната неотстварена желба.

Не гледате ништо

8n

Одите на концерт, во кино или некое место кое подразира собир на поголема група на луѓе, никогаш не успевате ништо да видите од луѓето кои се наоѓаат пред вас и упорно барате видео бим.

Високи очекувања

9n

Во продавница сте и се обидувате да дофатите нешто на врвот на полицата – скокате, скокате и скокате… Потоа замолувате некој да ви помогне.

Огледалата како ноќен кошмар

DON'T LEAVE ME

Одите на гости кај некој пријател или кафуле и влегувате во тоалетот каде можете да си го видите само челото. Тука е неговото височество „Огледалото за големи луѓе“, кое не престанува да ве потсетува, па посакувате да го спуштите доле.

- Реклама -