Специјалното државно обвинителство на Црна Гора сомничи 16 лица со потекло од Црна Гора и Македонија дека перејќи пари преку 23 фирми го олесниле црногорскиот буџет за стотици илјади евра.
Осомничените најчесто користеле градежни фирми, а во неколку од компаниите се и сопственици. Обвинителството ги сомничи дека основале повеќе од 20 компании на територија на Црна Гора преку кои фиктивно фактурирале услуги и роба. На тој начин неосновано подигнале неколку милиони евра, при што е причинета штета на државниот буџет во висина од неколку стотици илјади евра.
Единаесетмина од уапсените се Црногорци, а петмина Македонци. Полициската акција против криминалната група траела цели три дена.