Македонскиот Ден на Дрвото кој се одржа вчера на 27-ми Ноември во сите градови и села во Македонија, беше забележан и од Интернет гигантот Yahoo.
Фотографијата со наслов: “Работници садат дрвја на рид во источниот дел на Скопје“ е 14-та фотографија по ред во галеријата “Фотографии на денот“. Коментарот под фотографијата објаснува какво е значењето на овој ден и дава кратка статистика за тоа од кога Македонците го “слават“ овој ден и колку дрвциња досега имаат посадено.
Оваа идеја за нова пошумена Македонија преку засадување на иднината се појави во август 2007 година, кога амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов, поттикна проект за масовно засадување на голините и опустошените планини. Сите акции се безрезервно поддржани од Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС) со општините, и ЈП „Македонски шуми“.
Во 2008 година беа засадени 2560 хектари, 2009 година нови 3.915 хектари, 2010 година 2017 хектари, и во 2011 година на пролетната акција беа засадени 744 хектари. Дополнително преку редовната програма за Проширена репродукција на шумите во периодот од крајот на 2006 до 2010 година беа засадени вкупно 3000 хектари.
Освен Yahoo во листата на најреномирани светски медиуми кои со восхит известуваа за акцијата – Ден на дрвото исто така влегуваат и Франспрес, Ројтерс, Ксин хуан, Би-Би-Си и други.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk