Македонски научници создале колбаси без хемиски адитиви

Во време кога пазарот е преполн со производи со многу адитиви и подобрувачи на вкусот, но и со генетски модифицирани состојки, навистина е револуционерно да се создаде нешто што всушност, ги нема тие додатоци.

За првпат во Македонија, но и во регионот, произведени се традиционални колбаси без хемиски адитиви и засилувачи на вкус, односно ниту еден адитив со ознака Е. Со ова е постигнат подобар квалитет на производот, кој истовремено е и побезбеден.

Овој проект е реализиран во лабораториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, а спроведен во погонот на една од нашите месни индустрии.

За тоа како се одвивал целиот процес, прочитајте повеќе на МИА.

- Реклама -