Македонија очекува покана за НАТО на Самитот во Брисел

Во текот на оваа недела ќе се одржи Самит на НАТО во Брисел, на кој се очекува Македонија да добие покана за членство во Алијансата.

По добивањето на поканата за членство во НАТО, Македонија очекува да седне на маса со Алијансата и процесот на зачленување да не потрае подолго од шест месеци. Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа изјави дека не очекува да се појават дополнителни проблеми во текот на процесот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно изјави дека доколку референдумот за Договорот за името не помине, тогаш Македонија најверојатно нема да добие покана за НАТО.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето
- Реклама -