Видео со учество на пејачката Мајли Сајрус ќе биде дел од програмата на порно фестивалот во Њујорк, кој ќе се одржи во текот на овој месец.
Краткиот филм, кој се вика „несигурни јазик” (Tongue Tied) ќе биде промотивно порно-видео на скандалозната пејачка, што ќе содржи провокативни пози и оскудна облека. Во него таа е со врзани очи и окована за стол. Тој е дело на режисерот Квентин Џонс и беше пуштен онлајн уште во мај.
Истото, подоцна стана дел од турнејата на Мајли за новиот албум. Според основачот на фестивалот Симон Леаи, пејачката дознала од заеднички пријатели за одржувањето на фестивалот и побарала нејзиното видео да учествува. Сепак не се очекува таа да присуствува лично.