Контроверзната пејачка Мајли Сајрус по луда ноќ помината со пријателите, го истетовирала ликот на нејзиното починато куче на нејзините ребра, кое многу ѝ недостасува.
Оваа сабота пејачката ја поминала во дружење и забава со пријателите во својот дом во Лос Анџелес, пиејќи и пушејќи марихуана. За вечерта да биде посебна, таа се погрижи да направат идентични тетоважи со двајца свои пријателите.
Во нејзината куќа дошол тату-артист и неа и нејзините пријатели и пријателка на ребрата го истетовирале нејзиното мртво куче Флојд чија смрт не може да ја преболи. Флојд, всушност, го убиле којоти.