Токму кога требаше да се покаже во полн сјај, Мајли Сајрус „ја оплеска“ работата со шминката. Имено, на забавата за американскиот магазин „Maxim“, кој неодамна ја прогласи за најсексипилна жена на светот, таа изгледаше по малку смешно со трагите од бела пудра околку устата.
Иако од далечина Мајли во црно-белиот комбинизон на Валентино изгледаше беспрекорно, на фотографиите во крупен кадар, на нејзиното лице можеа да се воочат траги од бела пудра. Станува збор за пудра која се користи за да го неутрализира сјајот на кожата, но шминкерот кој и ја нанел и тоа како претерал.