Поранешниот НБА кошаркар Мајкл Џордан се ожени со манекенката Ивет Прието со која се вери во 2011 година.
Двојката го изговори судбоносното „да“ пред 2 200 гости, а ова е втор брак на познатиот спортист.
50-годишниот Џордан и неговата 15-години помлада девојка се венчаа во црквата во Палм Бич во Флорида, а прославата продолжила со приватна забава во вилата на екс-кошаркарот.
На свадбата присуствувале и децата на Џордан од првиот брак со Хуанита Џордан.
Ивет Прието се согласила да потпише предбрачен договор со кој Џордан го штити своето богатство од 650 милиони долари.