Мајкл Даглас призна дека лажел за ракот

Со години се пишува дека актерот Мајкл Даглас боледува од рак, но изгледа дека некои информации не се точни.

69-годишниот актер Мајкл Даглас пред неколку години објави дека се бори со ракот на грло, но тоа не било вистина.

Актерот сега призна дека го прифатил советот на хирургот па во 2011 година соопштил дека му е дијагноситициран рак на грло иако имал рак на јазик.

quit-smoking

„Тоа беше пред голема промотивна турнеја и не можев само да откажам се и да речам дека не се чувствувам добро. Хирургот ме советуваше да кажам дека имам рак на грло. Му реков: „Ок, не сакате да кажам дека се работи за рак на јазик, но зошто?“ Тој ми рече: „Па ако навистина сакате да знаете, ако мора да ве оперираме тоа нема да биде убаво. Ќе изгубите дел од вилицата и јазикот“. Затоа се согласив“, призна Даглас во шоуто „This Morning“.

Оскаровецот во 2011 година се излечи од рак што му беше дијагностициран една година порано.

- Реклама -