Мајката на Клуни ги откри сите детали: Веридбата е вистинска!

На 52-годишна возраст Џорџ Клуни сепак е подготвен да застане пред олтарот, а ако некој е среќен поради оваа вест, тоа сигурно е неговата мајка.

Еве што таа мисли за идната снаа:

„Пресреќна сум, Амал е прекрасна девојка. Многу ми се допаѓа, паметна е и убава. Ни малку не бевме изненадени кога ни рекоа дека се вериле, а ние не можевме да не бидеме среќни“, рекла Нина Клуни за Vanity Fair.

74-годишната Нина ја запознала вереничката на Клуни минатата година кога биле на забава кај американскиот претседател Барак Обама. Таа вели дека тоа било денот кога Клуни покажал дека има сериозни намери со Амал, а импресионирана е што се на исто интелектуално ниво.

„Тоа на Џорџ му е многу важно. Нејзиниот живот целосно се разликува од холивудскиот начин на живот. Не може да се спореди ни со една од жените со кои Џорџ бил. Таа е адвокатка, и е одлична. Таа е многу умна жена и на самиот врв во својата кариера. Таа и Џорџ имаат ист смисол за хумор и забава, и двајцата се многу грижливи“, додала мајката на Клуни.

 

 

- Реклама -