Majката на Ким, официјално поднесе барање за развод

Гласините за разделбата помеѓу Крис и Брус Џенер  протекоа во јавниот простор од крајот на минатата година. Тогаш Крис потврди дека двајцата веќе не се заедно, но малку подоцна тие продолжија да се појавуваат заедно и тоа држејќи се за раце.

„Ние живееме одделно. Но нема непријателство. Ние сме обединети и посветени на нашето семејство”, изјави тогаш 58 -годишната бринета.

Според US Weekly бракоразводните документи биле потпишани уште во почетокот на месецот, но поднесени овој понеделник. Лично Крис Џенер поднела барање за развод без адвокат.

 

Таа посочила како причина „ненадминливи разлики”.

Во документите е наведена само 17-годишната Кајли како нивно дете.  Затоа двајцата ќе имаат заедничко старателство над нивната помала ќерка. За сопственоста, Крис и Брус допрва ќе треба да спорат.

- Реклама -