Ана Ефтимиe, талентирана фотографка и мајка на две деца од Сан Хозе, Калифорнија, создала симпатични слики од бебињата преку кои покажува како би можеле да изгледаат нивните соништа, кога би можеле да ги видиме.
Она што им дава на нејзините слики посебно детско чувство е нејзината употреба на табла, нешто кое многумина од нас нè асоцира со училниците од нашето детство. Таа табла, исто така ѝ дава можност да ја пушти нејзината имагинација да лебди со цртање на големите соништа кои би можеле да се случуваат во главчињата на нејзините модели.