На мајка му на Влада не и се допаѓала професијата на Наташа, разликата во годините, тоа што е разведена и што има дете.
Мајка му на манекенот Влада Вуксановиќ од почетокот не ја прифатила неговата врска со пејачката Наташа Беквалац, но кога сфатила дека навистина се сакаат и дека ќе ја крунисаат нивната врска со свадба, Јованка ја повикала идната снаа на вечера за да ги подобрат односите и да разговараат за свадбата.
На Јованка не и се допаѓала професијата на Наташа, разликата во годините, таа е постара осум години од Влада, но и тоа што е разведена и што има дете. Но, таа морала да помине преку своите принципи и да ја прифати одлуката на Влада.
„Јованка сфати дека во прашање е сериозна љубов. Вечерата траела долго, разговарале за свадбата, за која се согласиле да биде само за најблиските, на пролет“, изјавил извор близок на двојката, пишува Telegraf.rs.