Како најубаво да се прослави роденденот на една гигантска компанија? Секако, со реклама за неговиот најдобар производ – по повод 25тиот роденден на Magnum фото кампањата црпи инспирација од класичните Magnum сладоледи. Зад целата идеја стои Karla Powell, уметник во областа на шминката, ноктите и фризурите додека зад објективот застанува Peter Alberti. Преубавите модели кои контрасно се надополнуваат во оваа кампања се Sara Grabek & Ayoola Bakare кои привлекуваат голем апетит во екот на летната сезона. Дали Ве натеравме да излезете да си купите Magnum? Ванила или чоколадо, а можеби и лешник…