Талентираниот Украински фотограф, Вјачеслав Мишченко, дефинитивно има око за фотографии. Тој успева да ги пренесе малите природни светови до нашето ниво , покажувајќи ни како светот може да изгледа , ако ние би можеле да го видиме преку очите на мравка , полжав или гуштер.
Неговиот интерес за оваа тема, зпочнал уште од детските денови.
„Како дете , татко ми ме научи да собирам печурки во близина на мојот дом и ние секогаш ќе се среќаваме со сите видови на суштества “, вели тој.
Понатаму токму тие станале неговата инспирација за фотографирање.
Уживајте во малиот свет кој после ова повеќе никогаш нема да го гледате како безначаен.