Мадона изјави дека сака повторно да се омажи, доколку го сретне вистинскиот човек.
„ Се надевам дека ќе го сретнам вистинскиот човек и повторно ќе се омажам“, проговори кралицата на поп-музиката.
Пејачката до сега беше омажена за актерот Шон Пен, со кого се раздели во 1989 година, како и за режисерот Гај Ричи до 2008 година.
Таа додаде уште, дека нема намера да помине под венчилото по трет пат, ако не е сигурна дека човекот до неа е „стабилен”.
Пејачката негираше дека во моментов е во врска со некого. Мадона има веќе четири деца – Лурдес, Роко, Дејвид и Мерси.