Мадона повторно е на врвот

Со заработени 125 милиони долари, Мадона се наоѓа на врвот на листата на Форбс на познати личности со најголема заработувачка во 2012 година.

Мадона е повторно на врвот меѓу славните што се однесува на нивната заработка. Пејачката се најде на врвот со заработени 125 милиони долари во 2012 година и тоа благодарение на турнејата МДНА, линијата на облека, парфеми и други вложувања.

article-2320524-19A6F423000005DC-463_634x1011

„Успехот на Мадона на 55 години само ја покажува неверојатната сила на успешната музичка кариера“, напишала новинарката на Форбс, Дороти Померанц.

На второ место е Стивен Спилберг со 100 милиони долари, а зад него е авторката на трилогијата „50 нијанси сиво“ Е.Л. Џејмс, а ова место го дели со Хауард Стерн и продуцентот Сајмон Ковел. Сите заработиле по 95 милиони долари.

- Реклама -