Мадона тврди во опширно интервју за списанието „Космополитен“ дека современото општество продолжува да страда од предрасуди и е тешко за една жена да биде прифатена истовремено како паметна и сексапилна.
Кралицата на поп музиката продолжува со борбата за еманципација на женската популација.
„Не треба да се лажеме, забележува Мадона, работите малку се променија кон подобро денес, особено за жените. Но, ние сепак сè уште живееме во едно премногу сексистички општество кое го инхибира и ограничува понежниот пол”.
56-годишната ѕвезда прозборе и за долгиот пат кој го изминала, пред да започна кариера и да се стекне со титула на поп-кралица.
„Кога ја започнав кариерата, многу луѓе се трудеа да ми ги загорчат деновите. Тие не можеа да се помират со фактот дека може да се биде и паметна и секси истовремено, да се внесе сензуалност во својата работа. Но, јас не се откажав. За мене оваа борба никогаш не е завршена! ”
Според Мадона нејзината 40-годишна кариера се должи најмногу на тоа што секогаш верувала во себе. Што се однесува до популарноста, Мадона истакна: „Славата доаѓа и си оди! Важно е да знаеш кој си, за што се бориш и за што живееш на овој свет!”
За силувањето
Маодна неодамна откри дека била силувана, под закана со нож, на покривот на една њујоршка зграда, кога првпат се преселила во Њујорк.
Инцидентот се случил во 1978 година, кога Мадона имала 20 години, набргу по нејзиното преселување од сојузната држава Мичиген, каде е родена, во најголемиот американски град, за да живее и работи.
Во авторски напис, објавен во списанието „Харперс Базар“, таа не даде детали за овој немил настан од нејзиниот живот, освен што истакна дека Њујорк ја пречекал сурово и мошне грубо.
– Не бев ниту малку пречекана од градот со широко отворени раце, истакна тогаш славната пејачка.
Таа откри дека во првата година од нејзиниот њујоршки живот била силувана и расечена со нож на грбот, а потоа и на три пати ограбена.
– Не знам зошто тоа ми го правеа, кога во станот немаше ништо вредно за крадење, па по трите напади врз мојот стан на крајот го зедоа само радио апаратот, вели Мадона.
Во написот за себе и за својот живот, сега 55-годишната Мадона зборуваше и за одлуката да премине во кабала религијата, како и да усвои две деца од африканската држава Малави, одлука која и предизвика проблеми со тамошните власти.
– Сакав само да спасам детски живот, па не мислам дека за тоа треба да ме казнуваат, истакна американската пејачка за „Харперс Базар“.