Мадона е најдобро платена пејачка за 2013 година со заработка од 125 милиони долари

Кралицата на поп музиката е сеуште на врвот!

Мадона е најдобро платениот музичар за 2013 година, а после неа следат Лејди Гага, Бон Јови и Џастин Бибер.

Магазинот Форбс пресмета дека 55-годишната дива заработила 125 милиони долари од јуни 2012 до мај 2013 година, а сето тоа е благодарение на успешната турнеја MDMA.

Форбс изјавува дека таа цифра ја постигнале со продажбата на билетите, надоместоци за песните, продажба на разни стоки, ангажмани во рекламните кампањи и други деловни потфати на музичарката.

Лејди Гага го завзема второто место со годишен приход од од 80 милиони долари. Од турнејата заработила 160 милиони долари, но да не мораше да ја прекине заради повреда, Форбс проценува дека би заработила дури 200 милиони долари. На третото место се музичката икона Бон Џови, кој заработил 79 милиони долари, после него е Тоби Кеит, а на петто место е групата Coldplay.

Од неодамна, лошото момче на поп музиката Џастин Бибер на листата на Форбс се најде на шестото место, а пејачката Тејлор Свифт е на седмо место благодарение на годишната заработка од 55 милиони долари, која ја должи заради профитабилните договори со Covergirlom, Sony и Diet Coke.

На осмо место се наоѓа Елтон Џон со заработка од 54 милиони долари, додека за само милион помалку заработила Бијонсе и Кени Челси, пренесува MailOnline.

- Реклама -